Според пишувањето на „Кориере дело спорт“, Јувентус сака да го купи Камерунецот Андре-Франк Замбо Ангуиса од Наполи, но има еден проблем.
Откупната клаузула за Ангуиса од 45 милиони евра важи само за клубови кои не се од италијанската Серија А.
Ангуиса дојде во Наполи во 2021 година, во прво време како позајмен од Фулам, а потоа во 2022 Наполитанците целосно го откупија и сега е нивен член. Наполи не сака да го продаде Камерунецот на нивниот најлут ривал, затоа и постои клаузула со која Замбо не може да биде продаден во друг италијански клуб, најмалку во Јуве.
Старата дама се очекува да го засили средниот ред во јануари бидејќи Пол Погба и Николо Фаџоли се суспендирани, па бараат нивни замени.