31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Јувентус се фокусираше на доведување играч на Барселона

Јувентус има планови до крајот на овој преоден рок да го доведе Мемфис Депај од Барселона. Холандскиот репрезентативец падна во втор план во каталонскиот гигант откако на „Камп ноу“ летово пристигнаа Роберт Левандовски и Рафиња.

Токму Левандовски и Рафиња се главните засилувања за Барселона и тие треба да бидат ударната игла во нападот за новата сезона. Во една таква ситуација Депај ќе има помала минутажа, што секако не сака.

Депај пристигна во Барселона пред една година од тимот на Лион и во дебитантската сезона постигна 12 погодоци во Примера дивисион. Освен Јувентус, за Депај се интересираат и Лидс, Њукасл, а се споменува и Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести