Речиси неверојатна вест пристигнува од италијанските медиуми. Раководството на Јувентус е подготвено да се повлече од настапот во Конференциската лига за да спречи казна од УЕФА. Преговорите помеѓу италијанскиот клуб и европската централа се уште се во тек, а од Јувентус се подготвени да се казнат самите себеси и оваа сезона воопшто да не играат во европските купови.
Јувентус беше казнет со одземање на 10 бодови во Серија А, па наместо во Лигата на шампионите, успеа да стигне само во Конференциската лига, а се чини дека во клубот и нема некое големо расположение да се игра во третиот по ранг европски куп.
Доколку клубот избореше пласман во Лигата на шампионите веројатно со сите сили ќе се бореше да го задржи тоа место, но вака потенцијалната казна од УЕФА може да е само една од причините за повлекувањето на клубот од Конференциската лига оваа сезона.