Поранешниот селектор на Италија и Саудиска Арабаија, Роберто Манчини, е најсериозен кандидат за тренер на Јувентус. Старата дама на последните два меча има порази од Аталанта на домашен терен од 0-4 и 3-0 на гостувањето кај Фиорентина, па иако раководството изјавува дека Тијаго Мота има доверба од нив, сепак италијанските медиуми пренесуваат дека веќе се започнати преговорите со Манчини.
Планот е тој да седне на клупата на Јувентус налето, но доколку продолжат катастрофалните резултати, нема да биде изненадување ако дојде до тренерска смена и во текот на оваа сезона.
Манчини освен селектор на Италија и Саудиска Арабија, во својата тренерска кариера беше на клупата и на Фиорентина, Лацио, Манчестер сити, Галатасарај и Зенит.