Анхел Ди Марија и официјално е претставен како нов играч на Јувентус, а навивачите на Старата дама имаа посебно емотивен пречек и на поранешниот играч Пол Погба, кој исто така пристигна во Торино и ќе направи кам-бек во дресот со црно-бели бои.
Најтрофејниот италијански клуб потпиша едногодишен договор со Ди Марија, кој ќе добие 1.3 милиони евра, а дојде како слободен агент од ПСЖ.
https://twitter.com/goal/status/1545473018436222977?s=20&t=eWb2Feol0OY5ZmNIkMUDzg
Погба пак доаѓа без отштета во Јувентус, како и првиот пат од редовите на Манчестер јунајтед, а навивачите на Старата дама го дочекаа со овации.
Погба играше за Јуве од 2012 до 2016 година и тоа извонредно, а најтрофејниот клуб во Италија со него редеше титули и потоа му го врати на Манчестер јунајтед за над 100 милиони евра отштета.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1545448890543079425?s=20&t=eWb2Feol0OY5ZmNIkMUDzg
Јуве со двете засилувања повторно се надева дека ќе има моќен тим за атак на Скудетото, што не го освои во последните две години, а ќе се обиде да атакува и на европската круна во Лигата на шампионите.