Јувентус се пофали со доведувањето на италијанскиот репрезентативец

Мануел Локатели е нов играч на Јувентус, потврдија од најтрофејниот италијански клуб. Досегашниот играч на Сасуоло треба да биде засилување во средниот ред на Старата дама, позиција која според многумина, е најслаба во овој состав на гигантот од Торино.

Локатели доаѓа во Јувентус како позајмен играч, но Старата дама е обврзана да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната. Минатата сезона 23-годишниот Локатели одигра одлично во дресот на Сасуоло и самиот посака да направи трансфер во Јувентус.

Локатели во Јувентус ќе работи под палката на тренерот Масимилијано Алегри, тренерот кој му даде шанса да дебитира во дресот на Милан во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести