Формалноста е завршена и Пол Погба повторно ќе игра за Јувентус, сега со договор до 2026 година.
Јувентус и официјално го потврди кам-бекот на францускиот ас, со кој освојуваа трофеи од 2012 до 2016 година, а Погба ги има дури 8.
„И кога се разделивме во 2016 година, знаевме дека не е збогум. Се радуваме што повторно си со нас. не можеме да бидеме посреќни, Погба е повторно со нас“, објави Јувентус на клупската интернет страница.
https://twitter.com/brfootball/status/1546430589557002240?s=20&t=sKplUTNE-grRUBbP11akiA
Погба повторно дојде од Манчестер јунајтед како слободен играч, како и во 2012 година, а тогаш по само 4 сезони Црвените ѓаволи му платија 100 милиони евра на Јувентус за да го вратат Пол во своите редови.
Францускиот ас ќе заработува по 8 милиони евра по сезона, а повторно ќе ја носи десетката во составот на Старата дама.