Јувентус се посрамоти дома, едвај се спаси од пораз против екипа која веќе е второлигаш (Видео)

Јувентус на свој терен одигра само 1:1 против Салернитана, екипа која е убедливо најслаба во Серија А сезонава. Старата дама беше голем фаворит за победа, но во 27 минута домаќините беа шокирани кога по еден корнер, Пероци со глава донесе водство за Салернитана. Погодокот на Салернитана може да го видите ТУКА.

Салернитана беше на прагот да се израдува на само третата победа сезонава, но Јувентус се спаси од дебакл благодарение на погодокот на Рабиот во 90+1 минута. Ова е петти меч по ред на кој Јувентус ремизира.

По овој кикс, гигантот од Торино падна на четвртото место на табелата со 67 бодови, колку што има и Болоња на третото место, Токму во следното коло Јувентус ќе гостува кај Болоња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести