19.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Јувентус се спаси, Наполи не

Јувентус се намачи на свој терен, но на крајот успеа да ги освои трите бода во дуелот против Специја, во дуел од четвртото коло во Серија А. Старата дама победи со 2:0 и ги освои трите бода.

Душан Влаховиќ постигна фантастичен погодок од слободен удар, и тоа само по девет минути игра, а резултатот беше 1:0 сè до последните моменти од мечот. Во 85-тата минута во игра влезе Аркадјуш Милик и успеа да погоди во 91-вата минута за 2:0 и да стави крај на сите дилеми околу победникот.

Јувентус победи дома, но Наполи киксираше пред своите навивачи и на крајот одигра 1:1 против Лече. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас погоди во 27-мата минута за водство на фаворитот од 1:0, но Лече брзо израмни на 1:1.

Елмас играше до 56-тата минута, а потоа беше заменет. Наполи имаше 70 отсто посед на топка, домаќините упатија дури 19 шута, од кои седум беа во рамките на голот, но дадоа само еден гол, што не беше доволно за победа.

- Оглас -

Најнови вести