31.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Јувентус се засили со напаѓач од Косово

Косовскиот репрезентативец Едон Жегрова и официјално е нов фудбалер на Јувентус откако пристигна од францускиот Лил. Торинскиот гигант потврди дека 26-годишниот крилен офанзивец потпишал долгорочен договор кој ќе трае до летото 2030 година.

Бјанконерите за трансферот ќе платат 14,3 милиони евра, со можност сумата да порасне за дополнителни три милиони преку бонуси. Покрај тоа, клубот покрил и трошоци уште 1,2 милиони евра.


Жегрова во Јувентус ќе го носи дресот со број „11“.

„Ова е исполнување на сонот. Момент кој има огромно значење за мене и за моето семејство. Чувствувам голема гордост што ќе го носам дресот на Јувентус и ќе дадам сè од себе за да му помогнам на тимот“, изјави Жегрова по потпишувањето на договорот.

- Оглас -

Најнови вести