Јувентус сепак е заинтересиран да го позајми Нејмар од ПСЖ?!

Пари Сен Жермен бара начин како да го испочитува финансискиот ферплеј и еден од начините е да се ослободи од скапиот Нејмар. Се појави информација дека ПСЖ им го понудил Бразилецот на неколку големи и богати клубови, но наводно Нејмар не сака да си оди.

Се зборуваше и дека Јувентус ја отфрлил понудата за позајмица на Нејмар, но сега се зборува нешто сосема обратно. Тренерот Масимилијано Алегри смета дека Нејмар би бил од голема помош за тимот и сака да го донесе.

Нејмар има годишна плата од 43 милиони евра и тоа е главна пречка за трансфер, па договор за позајмица е пореална варијанта.

- Оглас -

Најнови вести