Францускиот репрезентативец Пол Погба само што закрепна, повторно се повреди и тоа скапо го чини неговиот тим, Јувентус.
Французинот минатото лето се врати во Јувентус како слободен играч, но сезонава настапи само на два натпревара, а на теренот помина само 35 минути.
Италијанските медиуми пресметаа дека секоја минута на Погба помината на теренот, Јувентус ја плаќа речиси 200.000 евра, односно 199.619 евра.