Фудбалскиот клуб Јувентус денеска одбележува 124-годишнина од формирањето на клубот, но Старата дама, која е најтрофеен италијански клуб, во моментов не е баш во добра ситуација, напротив, имаат еден куп проблеми и не им е баш многу дојдено до прослава на роденденот.
Јуве е во резултатска криза каква што не се памети, деветти е на табелата во Серија А дури со 16 бода за заостанување зад Наполи и Милан, а според италијанските медиуми, по поразот од Верона, тренерот Масимилијано Алегри жестоко се карал со шестмина фудбалери од чии игри бил најмногу разочаран.
Алегри смета дека тимот не е доволно физички подготвен, а караницата му била со Рабио, Кулушевски, Бентанкур, Мората, Кен и Артур. За секого од нив посебно имал критики и замерки.