21.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Јувентус со расистички испад, од Старата дама веднаш се извинија

Италијанскиот фудбалски гигант упати јавно извинување поради расистичката фотографија која беше постирана на нивниот твитер профил. По еден тренинг, фудбалерката Сесилија Салваи на глава стави еден чуњ на главата и со рацете ги направи очите да и бидат коси.

Оваа фотографија беше постирана на официјалниот твитер профил на Јувентус, а за 20-тина минути предизвика голем број на негативни коментари. Потоа, фотографијата беше избришана, а од Јувентус упатија јавно извинување.

„Длабоко се извинуваме поради нашата објава која не беше за цел да предизвика контроверзии. Тој пост воопшто немаше за цел да предизвика расистички навреди на никого. Јувентус секогаш бил против расизмот и дискриминацијата“, стои во извинувањето од гигантот од Торино.

Женската селекција на Јувентус е формирана во 2017 година и од тој момент Старата дама ги освои сите титули во првенството на Италија.

- Оглас -

Најнови вести