24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Јувентус со триумфот против Венеција обезбеди пласман во ЛШ, за чекор пред Рома (Видео)

Јувентус успеа да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона откако славеше со 2-3 на гостувањето кај Венеција. На крајот Јуве го заврши шампионатот во Серија А со 70 бода, еден повеќе од Рома, која остана на петтата позиција на табелата.

Мануел Локатели од пенал постигна гол во 73-тата за триумф од 2-3. Претходно за Јувентус стрелаа и Кенан Јилдиз и Рандал Коло Муани, а за домаќинот Даниел Фила и Риџечиано Хапс.

Рома исто така славеше на гости против Торино со 0-2. Леандро Паредес го отвори резултатот од пенал, а во вториот дел погоди и Салемакерс.

Лацо загуби дома од Лече со 0-1, а Аталанта исто така беше поразена во Бергамо од Парма со 2-3. Фиорентина го победи Удинезе на гости со 2-3.

- Оглас -

Најнови вести