5.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Јувентус со убедлив пораз се збогува со италијанскиот куп

Аталанта со 3-0 го совлада Јувентус во четвртфиналето на Купот на Италија, со што Старата дама се прости од ова натпреварување.

Во полуфиналето, Аталанта ќе игра со Болоња или Лацио, кои своето четвртфинале ќе го играат на 11-ти февруари. Болоња е бранител на трофејот од лани.

Јуве го освои Купот во 2024 година (во финалето ја совлада Аталанта), а потоа две сезони по ред испаѓа уште во четвртфиналето. Ова е првпат во последните 15 сезони, Старата дама две години да биде елиминирана во оваа фаза од натпреварувањето.

- Оглас -

Најнови вести