18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Јувентус со уште еден неверојатен рекорд, Валенсија е чудо во Шпанија

Италијанскиот првак Јувентус ја игра најдобрата сезона во историјата на Серија А. „Старата дама“ вчера даде еден гол на гостувањето кај Болоња, но и тоа беше доволно да се освојат трите бода. Резервистот Пауло Дибала го даде погодокот вреден победа за шампионот.

Со овој триумф Јувентус стигна до 22-рата победа во 25-тото коло. Досега никогаш низ историјата на Серија А немало клуб кој имал толку многу победи во овој период од сезоната. Гигантот од Торино има 69 од можните 75 бодови и е единствен во топ 5 лигите во Европа без пораз.

Речиси е сигурно дека Јувентус на крајот од сезоната ќе ја освои титулата, ако се знае дека второпласираниот Наполи веќе заостанува со 13 бода. Во следното коло Јувентус гостува токму во Неапол кај Наполи, но дури и да загуби, тоа нема да биде никаков проблем за најтрофејниот италијански клуб, освен тоа што би ја прекинал низата без неуспех.

Интересен рекорд има и во шпанската Ла Лига. Валенсија стана првиот тим во историјата на првенството кој успеал да одигра 15 нерешени меча во 25 кола. Во последното одиграно коло, Валенсија одигра 1-1 против Леганес и стигна до постигнување како никој претходно.

 

 

- Оглас -

Најнови вести