16.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Јувентус убедливо во четвртфинале, настрада Каљари

Јувентус на доминантен начин се пласира во четвртфиналето на Купот на Италија откако на домашен терен го декласира Каљари со 4-0.

Душан Влаховиќ има расправии со фановите на Јуве, но и постигнува голови. Тој го отвори резултатот во 44-тата минута од дуелот.

Во второто полувреме Каљари потполно падна, а Јуве тоа знаеше да го искористи. Копмајнерс беше стрелец на вториот гол, Консеисао зголеми на 3-0, а за уште поубедлив триумф се погрижи Нико Гонзалес во 89-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести