27.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Јувентус уште вечер може да обезбеди ЛШ, но треба да му се погодат многу резултати

Вечерва од 20.45 часот се играат мечевите од претпоследното коло во италијанската Серија А, а една од дилемите и непознаниците е кој ќе го освои четвртото место кое води во Лигата на шампионите. Математички шанси за четвртата позиција имаат дури шест тима, а од тие шест тима само Јувентус има теоретска шанса уште вечерва да обезбеди место во ЛШ.

Сценариото кое е идеално за Старата дама е да го победат Удинезе, а притоа да загубат Рома, Лацио и Болоња. Ова е тешко остварливо, и пореална варијанта е во последното коло да се решава за титулата и за четвртото место.

Во моментов Јуве и Лацио имаат по 64 бода, Рома 63, Болоња 62, Милан 60, а Фиорентина 59. Јуве има на хартија најлесна задача, игра дома со Удинезе, Лацио гостува кај Интер кој се бори за титула, а пеколни ќе бидат и дуелите Рома – Милан и Фиорентина – Болоња кои се директна борба за излез во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести