Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, одлучи вечерва против ПСВ да извади почетен состав во кој највозрасните поединци се 27-годишни, најмладиот има 19, и ова е најмлад стартен тим во историјата на Старата дама за еден нокаут меч во Лигата на шампионите.
Голманот Ди Грегорио и капитените Локатели се најстари со по 27 години, има неколку играчи кои имаат по 26, а Турчинот Јилдиз има само 19 и го спушта просекот на тимот.
Во актуелниот состав на најтрофејниот италијански клуб нема играч кој ја освоил Лигата на шампионите, а има играчи како Коло Муани кои дебитираат во дресот на Јуве на една средба од ЛШ.