18.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Јувентус веќе е во потрага по наследник на Тудор, најсериозен кандидат е поранешен репрезентативец на Италија

Јувентус на петте нерешени резултати во серија додаде пораз од Комо во Серија А, па тренерското столче на Игор Тудор сериозно е загрозено. Хрватот сè уште е тренер на Старата дама, но јавноста во Италија е во очекување на негов отказ.

Според италијанските медиуми, раководството на Јувентус во неделата веќе одржало состанок со Рафаеле Паладино во Милано, па тој се смета за најсериозен кандидат за наследник на Тудор.

Паладино од 2004 до 2008 година беше член на Јувентус, па одлично ги познава приликите во Торино, а како тренер работеше во Монца и во Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести