Јувентус во 123 години никогаш не играл со состав како против Ференцварош

Алваро Мората погоди во 92-рата минута и го спаси Јувентус од срамно реми против Ференцварош. Старата дама едвај со 2:1 славеше против унгарскиот тим во меч кој ќе остане запамтен по еден раритет.

Тренерот Андреа Пирло ќе се памти како првиот стратег во историјата на клубот кој реши во дефанзивниот ред (вклучувајќи го и голманот) да нема ниту еден Италијанец.

Јувентус има 123 години стара историја, досега има одиграно 4.371 натпревар, но никогаш претходно не се случило дали на голот или во дефанзивната линија да нема ниту еден домашен фудбалер.

Против Ференцварош на голот беше Полјакот Шченсни, а во дефанзивната четворка се најдоа Колумбиецот Квадрадо, Бразилците Алек Сандро и Данило, како и Матајс де Лихт од Холандија. Стандардните италијански дефанзивци Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини се повредени. Во стартниот тим на Јувентус против Ференцварош, единствен Италијанец беше Федерико Бернардески.

 

- Оглас -

Најнови вести