Јувентус се намачи, но на крајот ја победи Верона со 2:0, во меч од Серија А. Со оваа победа Старата дама стигна до 52 бодови и се искачи на четвртото место на табелата.
Верона одлично парираше и по првото поливреме немаше голови. Јувентус во последните 15 минути го скрши отпорот на гостите кога Турам донесе радост за домашните фанови.
До крајот на мечот, Јувентус постигна и втор погодок, за малку мир за тренерот Тијаго Мота, кој е под притисок поради променливите резултати.