Јувентус претрпе двојна загуба на гостувањето кај Фиорентина. Освен што не ги освои трите бода, Старата дама остана без неколку стандардни играчи. Миралем Пјаниќ и Даглас Коста се повредија. Пјаниќ најверојатно нема да игра в среда во Мадрид, а Бразилецот сигурно ќе паузира еден месец.
Тоа што е дополнителна нервоза за тренерот Маурицио Сари е повредата на Гонзало Игуаин. Аргентинецот се здобил со удар во мускулот, па лекарите предвидуваат дека мали му се шансите да игра против Атлетико. Тоа значи дека во нападот треба да биде Пауло Дибала, кој најчесто е резерва.
Од претходно, повредени кај Јувентус се и капитенот Џорџо Кјелини и Марео де Шилјо. И Данило се пожалил на мускулни болки, но тој треба да игра во првото коло од Лигата на шампионите.
Јувентус минатата сезона играше против Атлетико во нокаут-фазата, кога во Мадрид загуби со 2:0, но потоа на реваншот во Торино победи со 3:0.