Во првиот меч на Светското клупско првенство Јувентус одигра одлично и со убедливи 5:0 го победи Ал-Аин. Сите дилеми околу победникот беа решени уште во првото полувреме, кога Старата дама тргна силовито и постигна дури четири гола.
Коло Муани го отвори резултатот со погодок во 11-тата минута, а потоа погодуваа и Консеисао, Јилдиз и повторно Коло Муани за 4:0 на полувреме. Во 58-мата минута втор гол постигна и Консеисао за 5:0, а потоа италијанскиот гигант намали во темпото на игра, па рутински, без многу возбудувања, го заврши овој меч.
Ова е втора највисока победа на овој турнир, по неверојатниот триумф на Баерн Минхен против Оукленд со 10:0.
Во вториот меч кој се одигра ноќеска, Салцбург со 2:1 славеше над Пачука од Мексико. Салцбург поведе со гол пред крајот на првото полувреме, а Пачука со погодокот на Гонзалес израмни во 56-тата минута.
Европската екипа сепак успеа да стигне до победа на крајот од средбата, и тоа со погодокот на Онисиво во 76-тата минута.