Јувентус за големото дерби ќе мора да затвори дел од стадионот

Јувентус на 23 април во Торино ќе игра против Наполи, а домашниот тим нема да ја има комплетната поддршка од трибините. Дел од јужната трибина на стадионот ќе биде затворен како казна поради расистичките навреди кои беа упатени кон Ромелу Лукаку од Интер, за време на дуелот од полуфиналето во Купот на Италија.

Поради тие навреди, Јувентус доби казна за следнито домашен натпревар да мора да го затвори тој дел од стадионот, а интересно е дека тоа ќе биде на дербито против Наполи.

Дербито меѓу Јувентус и Интер имаше драматичен финиш, откако Лукаку погоди за 1:1 од пенал во 95 минута, а потоа белгискиот напаѓач доби црвен картон. Веднаш по завршување на средбата малку фалеше да се степаат Самир Хандановиќ и Хуан Квадрадо, па и тие двајца беа исклучени.

 

- Оглас -

Најнови вести