Јувентус заборави да победува на домашен терен, овој пат Џенова со песна си оди од „Алијанц арена“

Фудбалерите на Јувентус влегоа во резултатска криза и трет натпревар немаат победа во Серија А. По поразот од Наполи во Неапол (1:2) и ремито во Торино против Аталанта (2:2), Старата дама денеска пред своите гледачи одигра без голови против Џенова.

На последните пет меча пред своите гледачи, Јувентус трипати одигра нерешено и има по една победа и пораз.

И покрај ремито, Јувентус остана на третото место на табелата со 59 бода, колку што има и Милан кој својот меч ќе го започне за помалку од еден час.

Старата дама доминираше на „Алијанц арена“, имаше поголем посед на топката (66-34 отсто), повеќе шутеви (17-5) и повеќе корнери (11-2), но не успеаја да најдат начин да го совладаат голманот на Џенова, Хосеп Мартинез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести