Италијанскиот гигант Јувентус го осигури потписот на еден од своите најконстантни фудбалери сезонава, Вестон Мекени, кој се обврза на верност до 2030 година. Со овој потег клубот практично стави точка на сите шпекулации околу неговата иднина.
Продолжувањето на соработката е резултат и на јасната визија на стратегот Лучијано Спалети, кој во американскиот интернационалец гледа столб во средниот ред. Мекени со својата енергија, тактичка дисциплина и способност да покрива повеќе позиции се наметна како клучен елемент во системот.
Неговата приказна во Торино започна во 2020 година, кога пристигна од Шалке 04 најпрво на позајмица, а потоа беше откупен за околу 25 милиони евра. По кратката епизода на позајмица во Лидс јунајтед во сезоната 2022/23, се врати подготвен да преземе поголема одговорност.
На 38 настапи во сите конкуренции оваа сезона, Вестон Мекени има ефект од осум погодоци и седум асистенции.

