30.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Јувентус замената за Влаховиќ ја пронајде во Бундеслигата

Екипата на Јувентус идната сезона ќе има нов напаѓач кој ќе дојде од Бундеслигата и тоа од Баер Леверкузен и ќе биде замена за Душан Влаховиќ, пишува „Газета дело спорт“.

Весникот пишува дека Влаховиќ ќе биде продаден во еден од наредните два преодни рока бидејќи неговата плата станува голем товар за тимот. Преговорите за нов договор се прекинати бидејќи српскиот репрезентативец не се согласува да потпише за помала плата од таа што сега ја добива (12,9 милиони евра).

Поради тоа, Влаховиќ ќе биде ставен на трансфер листата, а на негово место ќе пристигне напаѓачот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс. Бонифејс сезонава игра одлично, на 21 натпревар постигна 14 гола и има седум асистенции, а Јувентус за него ќе плати 40 милиони евра отштета.

- Оглас -

Најнови вести