Јувентус започна преговори со Антонио Конте

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус започна официјални преговори за враќање на Антонио Конте на тренерската функција, откриваат медиумите на Апенините.

Клубот од Торино му понудил на 55-годишниот стратег тригодишен договор со годишна плата од 8 милиони евра, плус бонуси зависно од остварените резултати.

Конте во тековната сезона успеа да го предводи Наполи до титулата во Серија А, но неодамна се појавија шпекулации дека ќе ја напушти позицијата и дека негов наследник во Наполи ќе биде Масимилијано Алегри.

Ова не би било прво искуство на Конте во Јувентус, тој беше тренер на Старата дама од 2011 до 2014 година, освојувајќи три последовни шампионски титули во Серија А и два Суперкупа на Италија. Неговото евентуално враќање се гледа како обид на клубот да се врати на старите победнички патеки и да обезбеди стабилност по турбулентната сезона.

- Оглас -

Најнови вести