Кошаркарската репрезентација на Јужен Судан беше на прагот од првокласна сензација и победа над американскиот дрим-тим. Сепак, кошаркарите од африканската селекција промашија напад за победа, па триумфот им припадна на САД со конечни 101-100.
Јужен Судан на полувремето имаше водство од 58-44, но американците со одличната трета четвртина, кој ја добија со 37-18, го презедоа водството, а на крајот се покажа дека тоа беше и клучниот период на мечот.
South Sudan was THIS close to pulling one of the biggest upsets in basketball history pic.twitter.com/CYWZ1ONS7F
— Jomboy Media (@JomboyMedia) July 20, 2024
Во последните моменти Јужен Судан имаше два шута за победа, но топка не ги посака, па загубија со половина кош. Интересно е тоа што овие две селекции се во иста група на Олимписките игри, но и покрај тоа одиграа пријателски натпревар во Лондон. Претходно САД играше контролен дуел и против Србија, која е во иста група со нив на Олимпијадата.