11.8 C
Skopje
среда, 15 октомври 2025

Јужна Африка повторно на Мундијал по 16 години, Нигерија ќе мора да игра бараж

Фудбалската репрезентација на Јужна Африка во последното коло од квалификациите за Светското првенство 2026 година ја совлада Руанда со убедливи 3-0 и обезбеди пласман на Мундијалот.

Зад себе ја остави Нигерија, која славеше над Бенин со 4-0, но сепак заврши со еден бод помалку од Јужна Африка и ќе мора да бара пласман преку баражот.

Таленте Мбата го донесе домашниот тим во водство уште во петтата минута, а во 26-тата Освин Аполис ја зголеми предноста и го постави резултатот на полувремето.

Потврдата на победата стигна во 72-та минута, кога Евиденс Макгопа се запиша во листата на стрелци.

Јужна Африка ги заврши квалификациите како првопласирана во групата Ц со 18 бодови, пред Нигерија и Бенин кои имаат по 17.

Ова ќе биде четврто учество на Јужна Африка на Светско првенство, а прво по турнирот во 2010 година, кога беше домаќин.

- Оглас -

Најнови вести