Репрезентацијата на Нигерија е првиот финалист на Африканскиот куп на нациите откако по голема драма се радуваше во дуелот против Јужна Африка. Во регуларниот дел беше 1:1. Нигерија прва даде гол и поведе со 1:0 во 67-мата минута.
Јужна Африка не се предаде и во 90-тата минута со гол од пенал на Моноена стигна до 1:1 и се избори за дополнителни 30 минути во кои мрежите мируваа, па финалистот требаше да се решава на пенали.
Во пенал-рулетот, Мокоена погоди од белата точка во 90-тата минута, а потоа промаши во првата серија за Јужна Африка. Потоа Аина промаши во третата серија за Нигерија, но веднаш потоа утна и Макгопа за Јужна Африка. До крајот, Нигерија не згреши и на крајот победи со 4:2.
Пеналите може да ги видите ТУКА.