Јужна Кореја и уште еден дебитант го потврдија пласманот на СП 2026

Откако селекцијата на Узбекистан го потрвди пласманот на Светското првенство 2026 и стана првиот дебитант, азиските квалификации ќе дадат уште една репрезентација која никогаш претходно не играла на Мундијалите.

Се работи за Јордан, селекција која со 0-3 славеше на гостувањето кај Оман, но пласманот на Светското првенство го потврдија дури откако нивниот најголем конкурент, Ирак, загуби на домашен терен од Јужна Кореја со 0-2.

Со победата над Ирак, пласман на Светското првенство обезбеди и Јужна Кореја, која повеќе од две децении наназад стандардно е дел од Мундијалите.

На Светското првенство во САД, Канада и Мексико за првпат ќе учествуваат 48 селекции, а освен домаќините, пласманот до сега го имаат обезбедено и Аргентина, Нов Зеланд, Јапонија, Иран, Узбекистан, Јужна Кореја и Јордан.

- Оглас -

Најнови вести