Некогашниот прославен германски голгетер, Јирген Клинсман, повеќе не е селектор на репрезентацијата на Јужна Кореја. Овој 52-годишен стратег во февруари минатата година седна на клупата на Јужна Кореја и потпиша договор до крајот на Светското првенство во 2026 година.
Сепак, поради слабите резултати и разочарувачкиот настап на Азискиот куп, доби отказ само по една година. Јужна Кореја беше фаворит во полуфиналето против Јордан, но загуби со 2:0 и на тој начин се срушија желбите дека оваа репрезентација може да биде континентален првак по пауза од 64 години.
По завршување на азискиот куп, беше откриено дека и атмосферата во репрезентацијата не била на посакуваното ниво и дека главните ѕвезди во составот биле скарани. По поразот од Јордан, Клинсман изјави дека нема намера да си замине, но челниците на Фудбалската федерација на Јужна Кореја решија да му дадат отказ на стратегот кој како предводник на Германија стигна до бронзениот медал на Мундијалот во 2006 година.
🇰🇷 @theKFA has officially sacked Jürgen Klinsmann. pic.twitter.com/ziWG8shMPA
— The Asian Game (@TheAsianGame) February 16, 2024