Јужна Кореја „намерно“ прими гол за да ја избегне Јапонија, сега Саудијците ќе бегаат од Кореја?

Јужна Кореја како да не сакаше да ја победи Малезија и да го освои првото место во својата група на Азиското првенство, па примија гол дури во 105-та минута и средбата заврши 3-3.

Вака Корејците предводени од селекторот Јирген Клинсман, се втори во групата и ја избегнаа Јапонија во осминафиналето. Ривал на Јапонија ќе биде Бахреин, а Кореја треба да игра со првиот од групата Ф, во моментов тоа е Саудиска Арабија.

Саудијците попладнево играат со Тајланд, директен дуел за првото место. Останува да се види дали Саудијците на кои им одговара и нерешено за да бидат први, намерно ќе загубат и во осминафиналето ќе ја избегнат опасната Кореја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести