Јужноамерикански шмек има денот во кој главен настан е финалето во ЛШ

4241 Бахија – Сао Пауло (23:30 ч.)

Меч од 11. коло во бразилското првенство на два тима кои во просек постигнуваат помалку од еден гол на меч. Бахија има 15 бодови од 10 средби и само девет дадени гола, додека Сао Пауло во 10 средби има 12 бодови и само осум постигнати погодоци.

На 10 од последните 12 средби на овие два тима, имало максимум по еден погодок што значи дека само еден потег може да биде решавачко да се одлучи победникот.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.96)

 

4253 Коритиба – Авиа (21 ч.)

Добро започна Коритиба и има пет победи по првите девет меча, што е доволно за третото место на табелата во втората бразилска лига со 16 бодови. Авиа истотака има 16 бодови и тоа е екипа која игра офанзивно и може да се очекуваат погодоци.

Интересно е дека во последните четири средби на овие два тима, победуваат само домаќините.

Предлог тип: 1 (2.01)

 

3153 Арда – ЦСКА Софија (17:30 ч.)

Меч кој треба да го даде патникот во Конференциската лига на УЕФА. Арда е во очајна низа и седум меча е без победа (пет реми и два порази), додека ЦСКА нареди седум победи во последните осум дуели.

Јасно е кој е фаворит и ЦСКА сигурно нема да ја пропушти шансата да обезбеди место во европските купови. ЦСКА има 10 победи во последните 13 средби со овој ривал.

Предлог тип: 2&2-4 (2.55)

 

4303 Универзитат де Чиле – О’Хигинс (21 ч.)

Пресметка од 12 коло во првенството на Чиле. Универзитат де Чиле има петфектни пет победи во петте досегашни меча на свој терен. О’Хигинс знае да биде опасен ривал, кој игра без многу калкулации.

На последните три меча на овие два тима, постигнати биле дури 12 погодоци. односно во просек по 4 гола.

Предлог тип: 1-2 I & 3+ (2.55)

 

6002 ПСЖ – Интер (21 ч.)

Најважниот меч сезонава во Европа, финале во Лига на шампиони. Двата тима со одлични игри и многу постигнати голови стигнаа до мечот кој треба да го даде европскиот клупски владетел.

Интересно е дека овие ривали прв пат ќе играат во европска пресметка. Без разлика колку и да има калкулации, погодоци треба да има во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)

- Оглас -

Најнови вести