Натпреварите во Јужна Америка знаат да бидат забавни, дури и кога станува збор за највисок степен на квалитет и важност на мечевите, како на пример квалификации за Светско првенство.
На дуелот помеѓу Чиле и Аргентина, помошните судии немаа знаменце, па се снаоѓа како знае и умее за да може да му асистира на главниот судија. Бразилските судии ги заборавиле знаменцата во хотел, и тоа го забележале непосредно пред да излезат на терен.
Решението беше на стап да закачат сигнални елеци, и со нив мафтаа во првото полувреме. За вториот дел, им биле донесени знаменцата.
Иако Чиле загуби, публиката се забавуваше снимајќи ги судиите.
Last night: Chile vs Argentina, World Cup qualifier. “Due to logistical issues,” the assistant referee was forced to use a reflective vest on a stick as his linesman’s flag in the first half. Ridiculous levels of entertainment continue to be served up over there. Madness pic.twitter.com/ZVL65Nkl5j
— Tears at La Bombonera (@BomboneraTears) January 28, 2022