Јужноамериканскиот првак ќе ја брани честа против „самураите“

Работната недела тргна со добитен Полноќен експрес составен од четири натпревари со вкупен коефициент од 21,72За денес во понудата има три натпревари фудбал, но има избор и од МЛВ-лигата на САД, па со нив може да се состави добитен тикет во Sport Life обложувалници и да се продолжи добитната низа.

Јапонија – Чиле (01 часот – Копа Америка, прво коло)

Чиле ќе ја започне одбраната на титулата со дуел против Самураите од Јапонија. Селекторот на јужноамериканскиот првак, Рејналдо Руеда, не може да смета на двајца клучни играчи, голманот Браво веќе цела сезона е повреден, додека Алексис Санчес речиси еден месец се мачи со повреда на глуждот и не се знае кога ќе се врати на терените.

Јапонците, пак, како гости од Азија на овој шампионат ќе се обидат да стартуваат со позитивен резултат и да ги расипат плановите на Чилеанците. Единствените три меѓусебни дуели на овие две селекции се одиграа пред 10 години, а Јапонија двапати се радуваше со 4-0, додека еден дуел заврши без голови. Но, тоа беа средби од пријателски карактер кои се играа без притисок и воедно се сменети генерациите од тогаш.

Предлог тип: X2 & 2-3 (2.25)

 

Курасао – Салвадор (01 часот – Голд куп, прво коло)

Еден ден по Копа Америка започна и Голд купот во Централна и Северна Америка. Курасао и Салвадор ја отвораат групата Ц, а двете селекции имаат идентични шанси да стартуваат со триумф. Ова ќе им биде петти меѓусебен дуел, а Курасао уште трага по позитивен резултат против Салвадорт, кој, пак, издвои три победи во тие дуели, а еден меч заврши со реми.

Двете репрезентации во овој меч ќе влезат со добра форма од четири победи и по еден пораз во последните пет средби. Ако е тешко да се предвиди победник, најдобро е да се типува на голови.

Предлог тип: ГГ3+ (2.62)

 

Јамајка – Хондурас (03 часот – Голд куп, прво коло)

Два часа по средбата Курасао – Салвадор, се игра и вториот меч од групата Ц во Голд купот. Тука Јамајканците ја имаат фаворитската улога, а уште поголеми шанси за триумф имаат знаејќи дека Хондурас е во катастрофална форма со една победа во последните 10 меча. Јамајка ќе сака да го искористи сето тоа и уште од стартот да си ги зголеми шансите за пласман во следната фаза.

Последните пет средби на Јамајка и Хондурас се поделени на две победи, а во еден дуел немаше победник. Последен пат се сретнаа пред две и пол години во пријателски меч кој Јамајка го доби со минимални 1-0.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.50)

 

Њујорк јенкис – Тампа беј рејс (01:05 часот – МЛБ лига)

Двете најефикасни екипи од американската Источна дивизија во меѓусебен дуел може да го одлучат конечниот лидер, а најтрофејната екипа на Јенкис, секако, е фаворит во пресрет на мечот. Ова ќе биде четврти последователен меч кој ќе се игра во Њујорк, а Јенкис добија три од нив, со тоа што на последниот дуел победија со 13-5. Њујорк воедно е во мини-серија од две победи во низа, па против Тампа ќе сака да го продолжи победничкиот ритам.

Предлог тип: 1 (1.70)

- Оглас -

Најнови вести