Јужноамериканскиот темперамент на дело: Хаос во Сиетл по испаѓањето на Ривер Плата (Видео)

Интер обезбеди осминафинале на Светското клупско првенство откако со 2-0 славеше над Ривер Плата. Мечот беше тензичен, а Аргентинците на крајот останаа со само девет фудбалери на теренот. Сепак, тензијата ескалираше после завршувањето на мечот, кога фудбалерите на Ривер Плата тргнаа физички да се пресметуваат со своите противници, па дел од фудбалерите на Интер мораа да се засолнат во соблекувалната, а на патот до таму кон нив полетаа низа предмети од трибините каде што беа аргентинските навивачи.

На крајот се вмешаа комплетните клупи на двете екипи, а официјалните лица на Ривер Плата со крајни напори успеваа да ги додржат своите фудбалери да не направат поголем инцидент.

- Оглас -

Најнови вести