Јужноамериканско лудило: Меси плукнат од противнички играч, бразилските фанови го гаѓаа Нејмар

На натпреварите од јужноамериканските квалификации за пласман на СП 2026 се случија неверојатни сцени, во кои жртви беа најголемите ѕвезди од овој континент, Лионел Меси и Нејмар.

Парагвајскиот репрезентативец Антонио Санабрија во финишот од мечот против Аргентина го плукна Меси, и тоа во моментите кога Аргентинецот беше свртен со грб. По мечот, Меси одлучи да одговори на дрскиот потег на Парагваецот.

„Санабрија? Во соблекувалната ми рекоа дека некој ме плукнал. Вистината е дека не знам кој е тој Санабрија. Не сакам да зборувам за тоа бидејќи работата ќе отиде предалеку ако кажам нешто, а тоа не ми е целта“, рече Меси.

И најголемата бразилска ѕвезда, Нејмар, се најде на удар, и тоа на сопствените навивачи. Бразил одигра 1:1 против Венецуела, а незадоволните фанови на Кариоките го гаѓаа Нејмар во моментите кога го напушташе теренот.

 

Тие сметаа дека Нејмар е главен виновник за ремито и поради тоа одлучија гневот да го искалат врз него и еден навивач го погоди фудбалерот со картонска кутија за пуканки. Одговорот на Нејмар беше серија пцовки упатени кон трибината од која беше погоден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести