Качанов предизвика хаос во Мелбурн, не ја спомна Русија, туку Ерменија и веднаш е побарана казна за него

Рускиот тенисер Карен Качанов е првиот полуфиналист на Отвореното првенство на Австралија, но по победата на Себастијан Корда, се најде во средиштето на скандал по порака која ја остави на ТВ-камерата.

Вообичаено тенисерите и тенисерките по нивниот триумф, оставаат порака на ТВ-камерата, а Качанов напиша „Арсах, остани силен“ и потоа објасни дека тоа го направил од респект кон неговото ерменско потекло.

https://twitter.com/i/status/1617233712554577920

Неговиот потег предизвика итна реакција на Тениската федерација на Азербејџан, која побара Качанов да биде најостро казнет.

Арсах е вториот назив за азербејџанската покраина Нагорно-Карабах во која живее мнозинство Ерменци, а во 2020 година дојде до воен судир меѓу Азербејџан и Ерменија за оваа покраина. Во воениот судир загинаа повеќе од 7.000 војници и повеќе од 200 цивили.

- Оглас -

Најнови вести