Кадар за мерак – Македонското знаме се вееше на „Стемфорд бриџ“ во чест на Реал Мадрид и фантастичниот Карим Бензема (Фото)

Група од околу 20-тина Македонци, навивачи на Реал Мадрид, беа вечерва на „Стемфорд бриџ“ во Лондон и го следеа од трибините големиот успех на клубот за кој навиваат.

Реал го победи Челзи со 3:1 во првиот дуел од четвртфиналниот двомеч, а го поздравија и историскиот подвиг на Карим Бензема, кој е првиот фудбалер што му дал хет-трик на Челзи во еврокуповите.

Францускиот ас приреди уште еден редок подвиг во Лигата на шампионите со два хет-трика по ред.

Претходно му даде три гола и на Пари Сен Жермен во реваншот од осминафиналето во Мадрид и, како и вечерва, речиси сам го победи ривалот во два меча што завршија со ист резултат од 3:1.

Реваншот во Мадрид е за шест дена, на 12 април, а повторно е најавено присуство на македонските навивачи на Реал и на „Сантијаго Бернабеу“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести