Кристијано Роналдо вчера беше незадржлив и постигна четири гола за Ал-Наср на гостувањето кај Ал-Вехда. Со таква игра на Португалецот, лесно беше Ал-Наср да стигне до победа на гостувањето во Мека.
Најсветото место за Муслиманите, Роналдо ќе го памти по четирите гола постигнати на стадионот на којшто имаше неочекувана инвазија. Рој скакулци ги нападнаа гледачите на трибините, но и играчите на теренот.
Неверојатна беше глетката кога на рекламите покрај теренот се гледаше ројот на скакулци, додека на трибините, на добар дел од седиштата воопшто не можеше да се седи од скакулците.
Saudi club Al-Wehda, Al-Nassr and Cristiano Ronaldo’s opponent last night, suffered a locust invasion in the middle of the match! pic.twitter.com/MM6KxfrMET
— I~J~O~B~A~S~P~O~R~T~S~1 (@Ijobasport1) February 10, 2023
Saudi club Al-Wehda, Al-Nassr and Cristiano Ronaldo’s opponent last night, suffered a locust invasion in the middle of the match! 🥶🦗🇸🇦 pic.twitter.com/SZfKaft5ES
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) February 10, 2023