28.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Каде е фудбалерот кој победи на ријалити шоу и потпиша за Интер?

Кога Кристијано Роналдо во 2009 година реши да си замине од Манчестер јунајтед и потпиша за Реал Мадрид, Англичаните започнаа да ја бараат новата фудбалска ѕвезда. Но, наместо на фудбалскиот терен, тие направија ријалити шоу и на тој начин се обидоа да го најдат новиот Роналдо.

Шоуто се снимаше во Италија, поточно во близина на езерото Комо, каде учествуваа десетина надежни фудбалери. На крајот, победи Бен Гренхал, кој доби можност да потпише шестмесечен договор со Интер. Пола сезона му беше дадена на тинејџерот да го покаже својот квалитет за да заигра за Нераѕурите, а дури се сликаше и со Жозе Мурињо.

Сепак, Гренхал никогаш не заигра за Интер, туку беше даден на позајмица во Комо, но и таму не се снајде. Талентот се врати во Англија, беше на проба во Брајтон, но не задоволи. Потоа играше во нисколигаши во Англија, а краток период помина и во Инвернес во Шкотска.

Англиските медиуми го вивнаа до небо нарекувајќи го новиот Кристијано Роналдо, но Гренхал беше далеку и од просечен играч кој не можеше да се докаже во „нормален“ клуб. Гренхал кој сега има 28 години е дел од англискиот нисколигаш Дартфорд, каде што има улога и на тренер во младинските категории. Едноставно, човекот кој англиските медиуми преку Реално шоу сакаа да го направат ѕвезда, не успеа да се снајде и на крајот го снема од фудбалското небо.

 

- Оглас -

Најнови вести