Македонците кои деновиве ќе бидат во Гент за да им дадат поддршка на нашите фудбалски репрезентативци кои се борат за историски прв пласман на Светско првенство ќе се изнагледаат велосипеди.
Гент, кој е трет град по големина во Белгија, ги има најдолгите велосипедски патеки во Европа во вкупна должина од околу 500 километри и велосипедите се негов заштитен знак.
Каде и да се свртите, има велосипеди, и на централниот плоштад, и по паркови, секаде има велосипеди кои може и да се изнајмуваат, а особено импресивни се паркинзите со илјадници места за велосипеди и кога се преполни, не е лесно да си го најдете вашиот велосипед.