Исчезна бразилската ѕвезда која играше за Реал, Милан, Сити, а има и 100 настапи за Бразил!

Некогашната бразилска фудбалска ѕвезда Робињо исчезна и тоа веднаш откако Министерството за внатрешни работи во Бразил издаде налог за негово апсење. Робињо е осуден на девет години затвор поради силување врз една девојка во Италија во 2013 година.

Судот во Милано минатата година го осуди Робињо на деветгодишна затворска казна, откако тој со неговото друштво биле излезени во еден ноќен клуб, а потоа групата силувале една девојка.

Италијанските власти не може да го пронајдат Робињо затоа што тој беше вратен во Бразил. Италија и Бразил немаат постигнато договор за депортација на луѓе кои се осудени на затворска казна, па италијанските власти побараа Робињо да биде уапсен во Бразил и таму да ја отслужи затворската казна.

Бразилските власти го прифатија ова барање од Италија и бил издаден налог за негово апсење, но некогашниот фудбалер не бил пронајден на домашната адреса. Полицијата го барала на уште неколку места, но од Робињо засега нема ниту трага ниту глас.

Доколку биде уапсен, Робињо веднаш ќе биде испорачан во бразилскиот затвор каде треба да помине девет години. Робињо важеше за еден од најталентираните бразилски фудбалери, а првите магични фудбалски потези ги покажа во дресот на Сантос. Потоа потпиша за Реал Мадрид, а играше и за Манчестер сити, Милан, кинескиот Гуангжу, Атлетико Минеиро, Сиваспор и Басакшехир. Во дресот на бразилската репрезентација одигра точно 100 меча во кои постигна 28 голови, во периодот од 2003 до 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести