Каде „излета“ Едерсон? (Видео)

Англискиот шампион Манчестер сити им приреди уште едно големо разочарување на своите фанови откако одигра 3-3 на „Етихад“ против Феенорд во Лигата на шампионите. Да биде чудото поголемо, тимот на Пеп Гвардиола водеше со 3-0 до 75-тата минута, а потоа прими три гола за 14 минути.

Голманот Едерсон имаше две катастрофални грешки за вториот и за третиот гол. Посебно неверојатна беше неговата одлука да „излета“ на 40 метри од голот во 89-та минута обидувајќи се да прекине акција на противникот. Ја промаши топката и на крајот тоа беше кобно за Сити.

- Оглас -

Најнови вести