Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Вилфрид Заха, од пред некој ден и официјално е слободен агент откако му истече договорот со премиерлигашот Кристал палас.
Интерес за неговите услуги има од неколку клубови, но и од Кристал палас, кој сака да го задржи. Сепак, светските медиуми денес објавуваат шокантна информација дека фудбалерот во истовреме се договорил за личните услови со четири клубови.
Триесет и едногодишниот фудбалер се договорил со Лацио, Фенербахче и Ал-Наср, но и со Кристал палас да го продолжи договорот, иако официјално нема ставено потпис на ниту еден договор.
Дали се работи за неодлучност или за нешто друго, останува да се види во следниот период.