Каде ќе му беше крајот на Саутхемптон ако не ги продаваше играчите?

Навивачите на англискиот премиерлигаш Саутхемптон со носталгија гледаат како во полуфиналето од Лигата на шампионите настапуваат дури шестмина поранешни членови на овој клуб од градот на југот на Англија. Исто така и актуелниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино, во 2013/14 беше на клупата на популарните Сејнтс.

„Светците“ имаат политика на купување евтини играчи на кои им се дава шанса за докажување, а потоа ги продаваат повеќекратно поскапо.

Кога не би ги продавале играчите кои ги имаа, сега Саутхемптон ќе имаше многу интересен почетен состав. На голот би бил Форстер, кој е репрезентативен голман на Англија. Во одбраната би биле Седрик (португалски репрезентативец), Ловрен (со Хрватска играше финале на СП, а со Ливерпул финале во ЛШ), Ван Дајк (моментно еден од најдобрите дефанзивци на светот) и Бертранд, кој уште е член на клубот. Алдервејрелд од Тотенхем исто така играше за Саутхемптон, но како позајмен.

Во средниот ред, Саутхемптон би ги имал Лалана, Ориол Ромеу и Ванјама, а во нападот Мане од Ливерпул, Тадиќ од Ајакс и Италијанецот Грацијано Пеле. Некогаш за Саутхемптон играше и Герет Бејл, кој подоцна стана и најскап играч на светот.

- Оглас -

Најнови вести